Што е Creative Hub?

Creative Hub е центар за неформално образование. По отварањето на канцеларијата во Скопје во 2017, својата визија за создавање на нови и влијателни кадри ја прошири и во Косово. Во февруари 2019, Creative Hub се најде на листата 30 под 30 на магазинот Forbes.

Вредности

Основните вредности се движечката сила на Creative Hub. Со јасна визија кон иднината Creative Hub верува во своите вредности – одговорност, работливост, креативност, точност и визионерство.

Зошто Creative Hub?

Во Creative Hub може да се запише секој без разлика на возраст, претходно искуство или образование. Основната цел на Creative Hub не е само да пружи образование туку и да ви помогне во откривањето и остварувањето на вашата нова кариерна цел.

Основачи

Аријана Коскарова

Бојан Коскаров